Скопје, јули 2025 година – На покана на претседателот на Северна Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска-Давкова, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, учествуваше на свеченото отворање на 65-то издание на фестивалот Охридско лето.
За време на овој културен настан, ректорот Фетаји имаше можност да се сретне со претседателот на Република Албанија, г-дин Бајрам Бегај, и други јавни личности.
Учеството на УМТ во вакви активности ја потврдува континуираната посветеност на поддршката на културата и меѓуинституционалниот дијалог.



