Скопје, 20.08.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, денес одржа работен состанок со д-р Бесник Емини в.д. директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) во Северна Македонија,
Ректорот Фетаји, придружуван од проректорите вон. проф. д-р Фати Исени и вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, го информираше в.д. директорот Емини за најновите случувања на УМТ, со посебен акцент на подготовките за упис на студенти во новата академска 2025/26 година, унапредувањето на студиските програми и зајакнувањето на меѓународната соработка.
Од своја страна, в.д. директорот Емини го информираше ректорот Фетаји за научните и културните активности на ИДКНА, со фокус на промовирањето и зачувувањето на духовното и културното наследство на Албанците во РСМ, како и за реализираните и планираните истражувачки проекти во соработка со други академски институции.
Двете институции изразија подготвеност за интензивирање на соработката, вклучително и заеднички коорганизации, вклучително и активности посветени на Деновите на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, со цел афирмирање на хуманистичките и културните вредности во општеството.



