РЕКТОРОТ ФЕТАЈИ ЛИЛНО ГИ ПРИМИ ПРВИТЕ ПРИЈАВИ ЗА УПИС

Скопје, 25.08.2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска го отвори првиот уписен рок на нови студенти на 8-те факултети и над 40 студиски програми што ги нуди. Првите пријави беа лично примени од ректорот на Универзитетот, проф. д-р Беким Фетаји.

За да се олесни уписниот процес, поради големиот број заинтересирани кандидати, целиот академски и административен капацитет на универзитетот е ставен на располагање.

За оваа академска 2025/2026 година, УМТ обезбеди два терминала за плаќање со банкарски картички, така што кандидатите можат да ги извршуваат своите услуги во просториите на кампусот.

Првиот уписен рок ќе трае од 25 (понеделник) до 29 (петок) август 2025 година, од 09:00 до 14:00 часот. За оваа година, УМТ нуди вкупно 2004 слободни места за заинтересирани кандидати кои сакаат да ја изградат својата академска кариера во оваа институција.

Објавувањето на прелиминарните резултати ќе биде на 1 септември 2025 година, додека конечната одлука за запичување ќе биде објавена на 2 септември 2025 година.

Запишувањето на студентите ќе трае од 2 до 5 септември 2025 година, во кој период тие мора да го пријават првиот семестар и официјално да стекнат статус на студент на УМТ.

By