Скопје, август 2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, учествуваше на Интеруниверзитетската конференција што се одржа на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
На оваа конференција учествуваа ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“проф. д-р Беким Фетаји, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, ректорот на Тетовскиот Универзитет, проф. д-р Јусуф Зејнели, како и други академски претставници, меѓу кои и членови на Академијата на науките и уметностите на Северна Македонија.
Ректорите едногласно рекоа дека високото образование претставува и ќе остане основа врз која се гради развојот на општеството. Тие истакнаа дека универзитетите треба да бидат центри на знаење, научни истражувања и иновации, тесно поврзани со потребите на пазарот на трудот и предизвиците на модерното време.
Како дел од оваа конференција, беше објавен и конкурс за избор на членови на Националниот совет за високо образование и за научно-истражувачката дејност.




