Скопје, 26.08.2025 година – По повод 115-годишнината од раѓањето на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во коорганизација со Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Скопје, организираше Панел дискусија на тема: „МАЈКА ТЕРЕЗА И НЕЈЗИНОТО НАСЛЕДСТВО“.
На оваа дискусија, панелисти беа проф. д-р Беким Фетаји, ректор на УМТ, д-р Бесник Емини, в.д. директор на ИДКНАС, проф. д-р Ризван Сулејмани, кој исто така беше и модератор на оваа панел дискусија. Во своето излагање, ректорот проф. д-р Беким Фетаји нагласи дека „Мајка Тереза беше совршен пример за тоа како духовните вредности можат да се трансформираат во конкретни дела што ги менуваат реалностите. Таа нè учи дека хуманизмот не е недостижен идеал, туку секојдневно дејствување. Како универзитет, имаме мисија да го вклучиме овој дух во нашите образовни и научни програми, во истражувачките проекти и во обуката на нашите студенти, така што секое стекнато знаење ќе служи како алатка за подобрување на животот на луѓето и општеството.“
Ректорот Фетаји исто така додаде „сеќавањето на Мајка Тереза не е само комеморативна церемонија, туку повик за размислување и акција. Како академска заедница, мора да гледаме подалеку од аудиториумите и лабораториите, за да разбереме дека знаењето има значење само кога е ставено во употреба од човекот. Нашата посветеност е нашите студенти да бидат не само успешни професионалци, туку и одговорни граѓани, водени од етика и љубов кон другите, исто како што нè научи самата Мајка Тереза“.
Додека у.д. директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Скопјe, д-р Бесник Емини, ја нагласи важноста од зачувување и промовирање на културното и духовното наследство на албанската и глобалната заедница, истакнувајќи дека академските институции имаат клучна улога во обликувањето на граѓанската и културната свест. Тој ги презентираше активностите и истражувачките проекти што Институтот ги спроведувал низ годините, вклучувајќи истражувања за животот, делото и влијанието на Мајка Тереза, научни публикации и организирање образовни и културни активности за студентите и пошироката заедница.
Д-р Емини, исто така, нагласи дека „активноста на ИКДНАС има за цел не само да документира и зачува културното и духовното наследство, туку тоа наследство да го направи живо и опипливо за помладите генерации. Со почитување на ликот на Мајка
Тереза, не само што се сеќаваме на универзалната икона на хуманизмот, туку и ја инспирираме академската заедница и општеството да изградат поправеден и посочувствителен свет“.
Проф. д-р Ризван Сулејмани, при своето излагање, рече „денес сме собрани да го одбележиме роденденот на Ањезе Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, личност која припаѓа не само на нашата нација, туку на целото човештво. Третирањето на животот и делото на Мајка Тереза значи размислување за личноста која ги предизвикала противречностите меѓу материјалното и духовното, меѓу себичноста и алтруизмот, давајќи го највисокиот пример за човечка рамнотежа“.
Професорот Сулејмани исто така додаде „во свет доминиран од себичност, глад и социјална неправда, пораката на Мајка Тереза останува порелевантна од кога било. Таа нè учи дека универзалната љубов и сочувство се најмоќните оружја во лицето на предизвиците на нашето време. Ние, како дел од универзитетот што го носи нејзиното име, имаме морална и академска обврска да го зачуваме и пренесеме ова наследство на идните генерации“.
Вреди да се напомене дека на оваа панел дискусија присуствуваа академски и административен кадар, како и студенти, кои имаа можност за инспиративен разговор за наследството на Мајка Тереза – дух што продолжува да ги мотивира генерациите да живеат со скромност, љубов и служење на другите.


