Скопје, август 2025 година – На академскиот кадар на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопско му се придружи уште еден доктор на науки. На Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Алмир Рушити од Куманово успешно ја одбрани докторската дисертација на тема: „Методологија за проценка на ризикот од пожар во урбани средини“, добивајќи ја титулата доктор на технички науки со одлична оценка.

Докторската комисија беше составена од: проф. д-р Петар Цветановски (претседател), проф. д-р Мери Цветковска (ментор и член), проф. д-р Елена Думова-Јованоска (член), проф. д-р Ана Тромбева Гаврилоска (член) и проф. д-р Мирјана Лабан (надворешен член од Универзитетот во Нови Сад).

На овој свечен настан присуствуваа семејството, пријателите и колегите, како и академски личности, меѓу кои: проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет, проф. д-р Беким Фетаји, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и проф. д-р Неритан Туркеши, декан на Факултетот за технички науки при УМТ.

Д-р Рушити е професор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, автор на многу трудови објавени во меѓународни научни списанија и добитник на неколку награди, вклучувајќи ја и наградата „Млад научник на годината“.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје изразува гордост за ова важно достигнување и го очекува неговиот понатамошен придонес во академскиот и научниот развој.

By