Скопје, 15.09.2025 – Во својот работен кабинет, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, прими делегација од Агенцијата на Обединетите Нации за проектни услуги – УНОПС, предводена од г-ѓа Калинка Габер.
Ректорот Фетаји, придружуван од проректорот за меѓународни односи, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, ги презентираше инфраструктурните и академските случувања на УМТ, како и меѓународните проекти во кои е вклучен универзитетот. На средбата присуствуваа и г-дин Петар Грнчаровски и г-дин Кристијан Панев, членови на делегацијата на УНОПС.
Г-а Габер информираше за ангажманот на УНОПС во рамките на проектот за унапредување на квалитетот на воздухот во Република Северна Македонија, со посебен фокус на четири градови: Скопје, Тетово, Битола и Куманово. Таа потенцираше дека УНТ се гледа како потенцијален партнер за соработка во иднина, споделувајќи ја заедничката визија за одржлив развој и иновации во служба на заедницата.
УНОПС работи во повеќе од 80 земји ширум светот, спроведувајќи над 1000 проекти секоја година. Неговите активности се насочени кон справување со бројни глобални предизвици, вклучувајќи хуманитарни кризи, природни катастрофи, инфраструктурен развој и институционални реформи, со што придонесува за градење на поодржлива и поинклузивна иднина.



