Скопје, 30.09.2025 год. – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe успешно го заврши вториот ден од дводневниот семинар за градење на институционални капацитети, со учество на целиот академски кадар, домашни и меѓународни експерти.

Вториот ден од семинарот беше отворен со говор на ректорот, проф. д-р Беким Фетаји, кој ја истакна важноста од интеграцијата на теоретските знаења со практичните вештини и компетенции што ги бара пазарот на трудот, како и клучната улога на алумни мрежата и стратешките партнерства во подобрувањето на студиските програми.

Во продолжение, присутните имаа можност да го слушнат поздравниот говор на претседателката на Агенцијата за квалитет, г-а Кристина Серафимоска, која ја нагласи неопходноста од зајакнување на внатрешните механизми за квалитет и важноста од усогласување на националните стандарди со европските.

Сесиите од вториот ден беа фокусирани на анализата и планирањето на наставните програми, интеграцијата на практичните и меките вештини, како и вклучувањето на научното истражување како основна компетенција за студентите. Проф. д-р Букурије Имери зборуваше за новите стандарди и интердисциплинарните елементи во студиските програми, додека г-а Пранвера Касами ја водеше практичната работилница за проценка на вештините.

Останатиот дел од денот беше фокусиран на улогата на алумните и стратешките партнерства, анализата на податоци од алумни мрежите, идентификација на клучните работодавачи и изработка на конкретни планови за подобрување на студиските програми. Секој факултет изработи акционен план за модернизација на наставните програми и подготовка на студентите за глобалниот пазар на труд.

Овој семинар претставува значаен чекор кон зголемување на академскиот квалитет и подготовка на студентите за предизвиците на иднината.

By