Чачак, Србија, 20 октомври 2025 година – Делегација од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, предводена од ректорот проф. д-р Беким Фетаји, и составена од претседателката на Сенатот, проф. д-р Оливера Петровска, како и професори, асистенти и седум студенти од Факултетот за технички науки, заедно со м-р Дритон Зендели, оствари официјална посета на престижната компанија УНИПРОМЕТ во Чачак, Србија, каде што беше потпишан меморандум за стратешка соработка помеѓу двете институции.
Меморандумот беше потпишан од страна на г-ѓа Жаклина Бојовиќ, сопственичка и извршна директорка на компанијата УНИПРОМЕТ, која истовремено ја извршува и функцијата претседателка на Бордот на Работодавачи при Факултетот за Технички Науки во Чачак. Овој договор воспоставува силна мост на соработка меѓу академската заедница и индустрискиот сектор, поставувајќи стабилни темели за практична и професионална подготовка на студентите од УМТ.
Оваа соработка не претставува само формален договор, туку конкретна и долгорочна заложба која нуди нови можности за академски, истражувачки и професионален развој. Главните придобивки од овој меморандум вклучуваат напредни професионални практики, при што компанијата УНИПРОМЕТ ќе понуди висококвалитетни практични можности за студентите од прв и втор циклус на студии, овозможувајќи им реално искуство во модерна индустриска средина.
Обуки и професионален развој, каде ќе се организираат заеднички обуки за академскиот кадар и студентите на УМТ, со цел унапредување на техничките знаења и усвојување на најсовремените индустриски практики. Пристап до истражувачки ресурси, студентите и истражувачите на УМТ ќе имаат можност да спроведуваат научни истражувања во лабораториите и со модерната опрема на компанијата УНИПРОМЕТ, поврзувајќи ја теоријата со практичното истражување.
Партнерство во меѓународни проекти, каде двете страни се обврзаа да соработуваат како стратешки партнери во аплицирање за меѓународни проекти, како Erasmus+, Horizon Europe и други европски фондови, со цел зголемување на капацитетите за иновации и научно истражување.
Делегацијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје беше пречекана со топло гостопримство и беа ценети од страна на раководството на компанијата УНИПРОМЕТ, што сведочи за сериозноста и заедничката желба за плодна и долгорочна соработка.
Овој меморандум за соработка претставува значаен чекор кон интеграцијата на Факултетот за технички науки на меѓународниот пазар на трудот, како и кон зајакнување на врската помеѓу високото образование, иновациите и индустријата.






