Истанбул, 16-17.10.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, придружуван од проф. д-р Зоран Трифунов, проф. д-р Моника Лутовска и проф. д-р Владимир Китановски, беше дел од дводневнaта меѓународена средба на проектот „HEI2MARKET“, кој се одржува на Универзитетот Мармара во Истанбул, во организација на Центарот за истражување и примена во нанотехнологијата и биоматеријалите (NBUAM).
Проектот „HEI2MARKET“, имплементиран во рамките на иницијативата EIT HEI, има за цел зајакнување на иновативните и претприемачките капацитети на високообразовните институции, преку соработка со бизнис и индустриски сектори, како и развој на одржливи стратегии за трансфер на знаење и иновации.
На оваа меѓународена средба се дискутираа теми поврзани со напредокот и резултатите од проектот до денес, стратегиите за комуникација и дисеминација, размена на искуства од претходни проекти на EIT HEI, како и планирање курсеви за обука за развој на академски и иновативни капацитети
Учеството на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe на овој настан претставува важен чекор кон интернационализација, иновации и поврзување на академскиот свет со пазарот на трудот, нагласувајќи ја активната улога на УМТ во европските мрежи за високо образование и во зајакнувањето на меѓународната академска соработка.
