Тирана, 16.17.2025 – Завршната конференција на проектот COUTURE, поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија и предводен од Колеџот Универзум, се одржа во просториите на Европскиот универзитет во Тирана.

На оваа конференција присуствуваа проректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили и доц. д-р Гента Спахиу Мирзо, претставници од нашата институција. Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe во проектот придонесе со академската експертиза на својот кадар, обезбедувајќи обука за кадрите и студентите на партнерските институции.

Професорката Исмаили го координираше проектот во период од две години, додека вонр. проф. д-р Сани Демири, доц. д-р Гента Мирзо и доц. д-р Емира Имери, исто така, учествуваа во неговата имплементација.

Настанот ја истакна важноста на иновациите во наставните програми, одржливата педагогија и соработката меѓу универзитетите и индустријата, додека партнерите презентираа конкретни резултати за развој на модули и практичното влијание на професионалните пракси.

Посебен момент на конференцијата беше студентската модна ревија, каде што учесниците ги презентираа своите финални проекти, трансформирајќи ја методологијата COUTURE во реални и одржливи производи.

Проектот COUTURE го демонстрираше успехот на меѓународната соработка во поврзувањето на образованието, креативноста и индустријата, создавајќи ги темелите за поодржлива и иновативна иднина во високото образование.

By