Скопје, 28.10.2025 година – Денес, во салата на Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, ректорот проф. д-р Беким Фетаји одржа работна средба со директорите на средните училишта од различни градови на земјата, во рамките на активноста „Утринско кафе со ректорот“. Средбата имаше за цел да се оцени континуираната соработка меѓу средното и високото образование, како и да се зајакнат партнерствата за подготовка на нови професионални кадри.
Ректорот Фетаји, придружиуван од проректорите вон. проф. д-р Фати Исени, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили и м-р Алајдин Мемеди, истакна дека благодарение на плодната соработка со средните училишта, УМТ за првпат го надминал бројот од 1000 новозапишани студенти, достигнувајќи 1044 студенти за академската 2025/2026 година.
Според него, ова претставува важен показател за довербата што матурантите ја имаат кон УМТ и за стабилната врска меѓу двете нивоа на образованието. Во знак на благодарност за нивниот придонес во насочувањето на младите кон универзитетските студии и во подготовката на идните генерации професионалци, ректорот Фетаји им додели признание на присутните директори.
Тој ја нагласи важноста на меѓусебната соработка меѓу образовните институции како клучна алка во изградбата на квалитетен и одржлив образовен систем, кој одговара на барањата на пазарот на трудот и општествениот развој. На крајот од средбата, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, ја изрази подготвеноста на Универзитетот „Мајка Тереза“ да го продлабочи партнерството со средните училишта преку заеднички образовни и професионални проекти, повикувајќи ги директорите на училиштата активно да се вклучат во програмата HORIZON, која неодамна започна да се спроведува во рамките на УМТ.
