Скопје, 05.11.2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје имаше чест да ги пречека студентите и академскиот кадар на отворено предавање на тема: „Претприемништво, иновации и раст: стабилност и благосостојба во светот што се менува“, одржано од проф. д-р Глен Агунг Хол, професор и меѓународен експерт од Норвешка.

Пред да започне предвањето ректорот на Универзитетот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји одржа поздравен говор, во кој ја истакна важноста на овие меѓународни предавања за академскиот напредок и размената на практични искуства меѓу институциите на високото образование.

Ректорот Фетаји нагласи дека преку ваквите соработки, универзитетот ја зајакнува својата улога во интернационализацијата, иновациите и подготовката на студентите за глобалните предизвици. Потоа следеше предавањето на проф. д-р Глен Агунг Холе, кој говореше за улогата на претприемништвото и иновациите како клучни фактори за одржлив економски развој и општествена благосостојба, споделувајќи конкретни искуства од академскиот и приватниот сектор во Норвешка и пошироко.

Предавањето беше проследено со прашања и интерактивни дискусии од студентите и академскиот кадар, создавајќи инспиативна атмосфера за размена на идеи и перспективи.

By