Скопје, 31.10.2025 – На кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа меѓународната конференција на тема „Кон систем на државни рамни координати: Научни пристапи и практични предизвици“, каде што УМТ беше домаќин и коорганизатор заедно со Институтот за геонауки (South-East European Research Institute on Geo Sciences), под покровителство на светската организација за геодезија FIG (International Federation of Surveyors) и светската организација за картографија ICA (International Cartographic Association), како и во соработка со европската организација на геодети EGoS (European Group of Surveyors), Бугарското здружение за картографија, Хрватското здружение за картографија, Здружението на геодети на Косово и Комората на геодети на Северна Македонија.

Конференцијата ја отвори Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, кој истакна дека ова настан претставува важен момент за регионалната научна заедница, поттикнувајќи меѓународна соработка и размена на знаења во областа на геодезијата и картографијата. Тој додаде дека Универзитетот УМТ останува посветен на поддршката на научните истражувања и на организирањето на активности кои ја унапредуваат науката и академската соработка на регионално и меѓународно ниво.

Во видеопораки се обратија претседателката на FIG, г-ѓа Дијан Думаши од Велика Британија, и претседателот на ICA, г. Георг Гартнер од Австрија. Поздравни говори имаа претседателот на Европската организација на геодети (EGoS), г. Никос Захариас од Грција, претседателот на Институтот за геонауки Geo-SEE, г. Субија Изеироски, претседателот на Комората на геодети на Северна Македонија, г. Никола Рибароски, како и потпретседателката на конференцијата, г-ѓа Љубка Пашова од Бугарија. Конференцијата јо водеше проф. д-р Башким Идризи, претседател на Меѓународниот научен совет на конференцијата.

На оваа конференција придонесоа професионалци и истражувачи од 14 држави, и тоа од Австрија, Германија, Сингапур, Холандија, Северна Македонија, Косово, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Израел

By