Скопје, ноември 2025 година – Во просториите на Собранието на Република Северна Македонија, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, заедно со претседателот на Синдикатот на УНТ, проф. д-р Авни Авдиу, остварија работна средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши. Целта на средбата беше зајакнување на меѓуинституционалната соработка помеѓу Собранието и Универзитетот, со посебен фокус на унапредување на квалитетот на високото образование, како и поттикнување на одржливи реформи кои ќе придонесат за образовен и општествен развој на земјата.

Во средбата беа разменети идеи и конкретни предлози за подобрување на условите за работа на академскиот кадар и создавање подобри можности за студентите, при што беше нагласена важноста на континуираниот дијалог меѓу државните и академските институции. Ректорот Фетаји му се заблагодари на претседателот на Собранието г. Гаши за неговата подготвеност за соработка и високо ја оцени поддршката на државните институции кон јавниот високoобразовен систем. УМТ останува посветен на развивање стратешки партнерства со национални и меѓународни институции, со цел подобрување на квалитетот на образованието, унапредување на научното истражување и подготовка на професионални кадри за современиот пазар на трудот.

By