Скопје, ноември 2025 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, придружуван од проректорката за Меѓународни односи, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, денеска во својот кабинет ги пречека претставниците од Светска банка, предводени од г-ѓа Бојана Нацева, Виш специјалист за образование и Раководител на работниот тим во Светска банка.

На средбата, ректорот Фетаји ги информираше гостите за најновите случувања на УМТ, истакнувајќи ги континуираните напори за модернизација на студиските програми, унапредување на научното истражување и подобрување на академската инфраструктура. Тој исто така ги сподели своите ставови во врска со актуелните предизвици со кои се соочува високото образование во земјата, како и потребата од институционална поддршка и меѓународна соработка за зголемување на квалитетот и конкурентноста на образовните институции.

Средбата се одржа во рамките на Мисијата за поддршка на имплементацијата (3–7 ноември 2025 година), дел од проектот Подобрување на Основното Образование и Програмата за Образование во Западен Балкан (PASA).

На средбата се разговараше за предизвиците на високото образование, развојот на инфраструктурата, обуката на наставниците и употребата на нови технологии во образовниот процес, како и за можностите за проширување на соработката со Светската банка во областа на образованието и иновациите.

By