Скопје/Норвешка, 05.11.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, денес одржа средба со вонр. проф. д-р Глен Агунг Холе, предавач на Универзитетот на Југоисточна Норвешка.
На средбата присуствуваа и проректорите вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили, вонр. проф. д-р Фати Исени, генералниот секретар г-дин Пиштар Лутфиу, член на Сенатот вонр. проф. д-р Аргетим Салиу и д-р Арбнор Рушити.
Ректорот Фетаји ги информираше проф. д-р Холе, г-дин Блерим Ѓони и г-дин Бујар Шаља за најновите случувања на УМТ, вклучувајќи го академскиот и научниот напредок, мултилатералната соработка со домашни и меѓународни институции, како и заедничките предизвици со кои се соочуваат универзитетите денес.
Целта на оваа средба беше да се постават темелите за билатерална стратешка рамка за соработка меѓу Норвешка и Северна Македонија, во областите на претприемништво, применета наука, менторство и иновативните екосистеми.
Долгорочната визија на оваа соработка е воспоставување на Национален центар за компетенции за претприемништво и менторство во Северна Македонија, кој ќе ги комбинира научните истражувања со применетиот развој на бизнисот, придонесувајќи за зајакнување на иновативните екосистеми и интеграцијата на земјата во европските мрежи за истражување и развој.
