31.10.2025 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe успешно ги заврши активностите во рамките на меѓународниот проект „Превенција од опасни вирусни трендови кај младите“, финансиран од програмата Еразмус+ (2022-1-BG01-KA220-YOU-000085174). Проектот имаше за цел развој на компетенциите и знаењата на младите работници, подобрување на јавната перцепција за оваа професија, како и развој на современи методи за превенција на ризиците поврзани со социјалните мрежи, сајбер насилството и промоција на дигиталната безбедност и ненасилната комуникација.

Постигнатите резултати вклучуваат подигнување на свеста за опасните вирусни трендови на Интернет, развивање компетенции за спречување на сајбер насилство преку иновативни методологии, промовирање на дигиталната безбедност, социјалната инклузија, медиумската писменост и активното граѓанство кај младите, како и изготвување студија за современи методи за спречување на ризици на социјалните мрежи, методологија за нивна превенција и практичен водич за младински работници во областа на дигиталната безбедност.

Сите материјали за проектот се достапни за бесплатно преземање на официјалната веб-страница на проектот: https://followmebg.com/…/project-products-results-2022…/

„Исто така, се подготвени едукативни видеа на пет јазици, кои се достапни за гледање на официјалниот YouTube канал.“ https://www.youtube.com/@PRV-Europe

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Еразмус+.

By