Во рамките на „EIT Food Challenge Labs 2025“ што се одржа во Скопје, учествуваше тим претставници од Факултетот за технолошки науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, составен од академски кадар и студенти.
За време на овој тридневен настан посветен на иновациите во храната, учесниците имаа можност да развиваат идеи и прототипи за функционални и одржливи производи, интегрирајќи креативност со научни знаења. Ваквите искуства се од особено значење за факултетот и универзитетот, бидејќи ја зајакнуваат врската помеѓу образованието и индустријата, го поттикнуваат интердисциплинарното соработување, како и ангажманот на младите во развојот на иновации во исхраната.
