Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје упатува најискрени честитки до проф. д-р Изет Зеќири, професор и поранешен ректор на УМТ, по повод неговиот избор за редовен член на Македонската Акедемија на Науките и Уметностите (МАНУ).

Овој успех претставува јасен доказ за неговата постојана посветеност кон знаењето, научното истражување и академскиот развој, како и чест за Универзитетот „Мајка Тереза“, кој во своите редови има ваква истакната личност во областа на високото образование и науката.

Во име на академскиот и административниот кадар и сите студенти, УМТ му посакува на проф. д-р Изет Зекири понатамошни успеси во неговата научна и академска кариера, со убедување дека неговиот придонес ќе продолжи да ги инспирира новите генерации истражувачи и професионалци.

By