Скопје, 10.11.2025 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, оствари работна средба со постојаната координаторка на Организацијата на Обединетите нации (ООН) во Северна Македонија, г-ѓа Рита Колумбија.

За време на средбата, ректорот Фетаји, придружен од проректорката за меѓународна соработка, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, и генералниот секретар, м-р Пиштар Луфтиу, ја информираа г-ѓа Колумбија за мисијата, академските програми и развојните проекти на УМТ, како и со напорите на институцијата за интегрирање на целите за одржлив развој во наставата, научноистражувачката работа и меѓународната соработка.

Двете странки изразија подготвеност за зајакнување на соработката меѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Канцеларијата на Обединетите нации во Северна Македонија, со цел развој на заеднички активности во областа на квалитетното образование, иновациите, родовата еднаквост, како и одржливиот социјален и економски развој. Г-ѓа Колумбија го пофали Универзитетот за ангажманот во насока на вклучување на принципите на одржливост во образовниот систем и ја истакна важноста на партнерствата меѓу академските институции и меѓународните организации.

By