Скопје/Турција, 14.11.2025 година- Ректорот на Универзитетот “Мајка Тeрeзa” во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, учествуваше како главен говорник на 8 -та Светска Конференција за “ГОЛЕМИ ПОДАТОЦИ И ИНТЕЛИГЕНТНА ИНФОРМАТИКА”, едно од најважните научни настани во областа на информатичката технологија.

Во својот говор на тема: „Изработка на алгоритамска рамка за научна аналитика на сајбер безбедноста“, ректорот Фетаји претстави напредни алгоритамски пристапи за сајбер-заштита, истакнувајќи ја улогата на вештачката интелигенција и анализата на податоци во спречувањето и управувањето со дигиталните закани.

Конференцијата, поддржана од списанија индексирани во SCOPUS и Clarivate Analytics Web of Science, собра истражувачи и меѓународни експерти и понуди можности за соработка во нови истражувачки проекти.

Учеството на ректорот Фетаји како главен говорник претставува значајно достигнување за УМТ, сведочејќи за ангажманот на универзитетот во научното истражување, иновациите и современите развојни трендови во големите податоци, вештачката интелигенција (AI) и кибербезбедноста.

За повеќе информации за конференцијата, посетете го линкот: https://www.globalcenter.info/wc-bigdata/?page_id=46

By