Скопје, ноември 2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, учествуваше на евалуациската седница на предложената Стратегија за високо образование 2026–2032, процес кој има за цел да го дефинира правецот на развој на високото образование во Република Северна Македонија за наредните години.

На оваа средба се водеа длабоки дискусии за клучни прашања како што се развојот на образованието, истражувањето и иновациите, човечките ресурси и потребата од градење на академски капацитети, образовна инфраструктура, модел на финансирање во високото образование, меѓународните проекти како важен механизам за пренесување на знаењето во економијата и заедницата.

Од УМТ присуствуваше ректорот проф. д-р Беким Фетаји и вонр. проф. д-р Бујамин Бела, кои придонесоа со своите стручни предлози во врска со подобрувањето на квалитетот во високото образование и потребата од модернизација на стратегијата.

На дебатата се нагласи важноста од континуирани реформи, за да се одговори на современите предизвици и да се обезбеди поквалитетен, конкурентен и иновативен образовен систем за земјата.

By