Деветтото издание на конференцијата се осврна кон современите предизвици на миграцијата, управувањето и социјалната кохезија
Скопје, 20.11.2025 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје го организираше 9-то издание на Меѓународната конференција за миграција, настан со особено научно значење кој достигна над педесет истражувачи, експерти, креатори на политики и институционални претставници од земјата, регионот и од неколку азиски држави. Конференцијата се одвиваше со физичко присуство и онлајн преку платформата Google Meet.
Оваа година конференцијата се карактеризираше со широка академска учесничка база и програма структурирана во три научни сесии, вклучително и онлајн-сесијата. Од над 50 апликации, беа одобрени 36 научни трудови за презентација. Главната цел на конференцијата беше адресирање на современите динамики на глобалната миграција, социо-економските трансформации и предизвиците на управувањето на меѓународен контекст.
Во поздравниот говор, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, ја потенцира важноста на академската и институционалната координација во проучувањето на миграцијата. Тој истакна: „Миграцијата е глобален феномен во движење, кој бара пристап заснован на вредности, наука и меѓуинституционален дијалог. Нашата задача е да создадеме знаење кое ќе го штити човечкото достоинство и води кон ефективни политики.“
Тој, исто така, ја потсети симболиката на Универзитетот именуван по „Мајка Тереза“, која како мигрантка и хуманистка ги отелотворува вредностите на солидарноста, достоинството и хуманизмот.
Заменик-министерот за образование и наука, г-дин Лулзим Алиу, ја нагласи клучната улога на образованието во миграциските процеси, истакнувајќи: „Образованието е клучниот фактор на интеграцијата и развојот. Еден инклузивен образовен систем е најстратешката инвестиција што една држава може да ја направи за својата иднина.“
Тој се осврна и на феноменот на заминување на младите (“brain drain”), нагласувајќи ја потребата од создавање услови кои ќе ги охрабрат младите да придонесат во сопсвената земја.
Во прдолжение, г-ѓа Елвиса Дришти од Универзитетот “Luigj Gurakuqi” во Скадар ја нагласи важноста на прекуграничната научна соработка. Претставникот на Националната агенција за миграција ги истакна актуелните предизвици на миграциските политики, додека доц. д-р Арта Џелили, декан на Факултетот за социјални науки, ја нагласи улогата на УМТ како активен истражувачки центар во областа на миграцијата.
Во првата сесија беа разгледани прашањата за миграција, управување и јавни политики, прашањата за безбедност, миграциските политики, дијаспората, геополитичките влијанија и демографските промени.
Втората сесија, Миграција, млади, образование и социјални трансформации, се фокусираше на улогата на образованието, пазарот на трудот, човечкиот капитал и социо-економскиот развој.
Третата сесија, Интеграција, идентитет и социјална кохезија, се осврна кон предизвиците на интеграцијата, културниот идентитет и социјалната кохезија во мултикултурни средини.
Во име на организационото тело на конференцијата и име на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, ректорот Фетаји, во знак на благодарност, додели благодарници на институционалните поддржувачи на овој настан, меѓу кои: заменик-министерот за образование и наука, г-дин Лулзим Алиу; дипломатот од Амбасадата на Република Албанија во РСМ, г-дин Алтин Келменти; и директорот на Националната агенција за миграција, г-дин Лулзим Алиу.
Координаторката на 9-та Меѓународна конференција за миграција беше д-р Елизабета Бајрами Ологу, која професионално го водеше организацискиот процес, координацијата на научните сесии и комуникацијата со локалните и меѓународните учесници.
9-та Меѓународна конференција за миграција, чиј домаќин беше УМТ, уште еднаш ја потврди улогата на Универзитетот како промотор на научни истражувања во областа на миграцијата и како центар за меѓународна соработка.
