Скопје, 20.11.2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во соработка со Агенцијата за имплементација на јазикот и Музејот на азбуката во Битолa, денес организираше свечена академија, на која присуствуваа личности од различни профили зборуваа за повеќеслојното значење за успешното завршување на постапката на овој историски конгрес.
Свечената академија организирана од ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, домаќин и воедно и креатор на Свечената академија, беше почестена со учество на г-дин Лулзим Алиу, заменик-министер за образование и наука, г-дин Гранит Османи, директор на Агенцијата за имплементација на албанскиот јазик во Северна Македонија, г-дин Алдо Келменти, дипломат од Амбасадата на Република Албанија во РСМ, додека говор по повод 22 ноември одржа и деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибрахими.
Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, во својот поздравен говор, рече дека албанскиот јазик и нашата азбука претставуваат не само средство за комуникација, туку и водечки мост на националниот идентитет, на наследството и на вредностите кои ги зачувуваме. „По повод 22 ноември, го одбележуваме не само формирањето на азбуката, туку и важноста на континуитетот на јазикот, на образованието и на посветеноста кон знаењето“, рече Фетаји.
Заменик-министерот за образование и наука, Лулзим Алиу, изјави дека денес, повеќе од еден век подоцна, ние продолжуваме да бидеме чувари на ова драгоцено наследство. Нашата азбука е алатката со која ја пишуваме нашата историја, со која ги формираме новите генерации, со која создаваме наука, уметност и култура. Директорот на Агенцијата за имплементација на албанскиот јазик во Северна Македонија, Гранит Османи, изјави дека Агенцијата систематски го заштитува пишаниот албански јазик, со својот тим од докажани професионалци во оваа област.
Алдо Келменти, дипломат од Амбасадата на Република Албанија во Република Северна Македонија, го поздрави УМТ за улогата што ја игра во негувањето на албанскиот јазик и култура во земјата.
Деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибрахими, за време на својот говор, рече дека албанските интелектуалци, во врска со уникатното албанско писмо, покрај борбата што морале да ја водат против отоманските владетели, феудалните и клерикалните кругови, грчките фанариоти и соседните реакционерни влади кои се обидувале да го спречат ширењето и афирмацијата на албанското писмо и училиште, албанските патриоти морале да се борат и против локалните и себични интереси на некои албански општества и културни групи.
На овој значаен настан беше потпишан трилатерален Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Агенцијата за имплементација на јазикот во Република Македонија и Музејот на азбуката во Битолa.
Свечената академија ја модерираше професорката Гента Спахија Мирзо.
