Скопје, ноември 2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, го прими на работен состанок заменик-министерот за образование и наука, г-дин Лулзим Алиу, при што дискутираа на високо ниво за стратешките прашања на високото образование.
На средбата се разговараше за академските и научните случувања на УМТ, тековните стратешки проекти и визијата на Универзитетот за зајакнување на квалитетот на високото образование, модернизирање на процесите и зголемување на меѓуинституционалната соработка.
Заменик-министерот Алиу ја поздрави посветеноста на УМТ и изрази поддршка за иницијативите кои го промовираат академскиот и научниот напредок во земјата.
Средбата се одржа во духот на соработка, отворање нови перспективи за заеднички проекти и унапредување на образовните политики.
