Скопје, ноември 2025 година – На редовната седница на Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, по предлог на ректорот проф. д-р Беким Фетаји, беше спроведено тајно гласање за избор на двајца нови проректори, како и на Генералниот секретар, кои ќе му се придружат на академскиот раководен тим во тековниот мандат.

По завршувањето на процесот на гласање, беа избрани: • Проф. д-р Сани Демири, проректор за наука и истражувања • Вон. проф. д-р Бујамин Бела, проректор за финансии, инвестиции и развој • Д-р Раим Јашари, генерален секретар на Универзитетот

Раководниот кадар на УМТ им се придружува на веќе избраните проректори: • Вон. проф. д-р Фати Исени, проректор за образование • Вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, проректорка за меѓународни односи

Со овој нов состав, раководството на Универзитетот „Мајка Тереза“ е целосно комплетиран, создавајќи стабилна и функционална структура за остварување на стратешките универзитетски цели. Избраното раководство ќе ги врши своите функции во текот на целиот мандат на ректорот, придонесувајќи за унапредување на академската, истражувачката, административната и меѓународната мисија на Универзитетот.

Нивниот избор ја одразува посветеноста на Универзитетот „Мајка Тереза“ кон избалансирано, професионално лидерство ориентирано кон највисоките стандарди на високото образование.

By