Скопје, ноември 2025 година – Во рамки на одбележувањето на Денот на Албанската Азбука, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Агенцијата за Примена на Јазикот во Република Северна Македонија и Музејот на Албанската Азбуката во Битола потпишаа Трилатерален Меморандум за соработка, со кој се означува воспоставување на ново академско, културно и истражувачко партнерство меѓу трите клучни институции на земјата.
Меморандумот беше потпишан од ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, директорот на АПЈ, г. Гранит Османи, и директорот на Музејот на Албанската Азбуката во Битола, г. Нуер Арслани, со што се формализира заедничката волја за продлабочување на институционалната соработка и промовирање на јазичното и културното наследство.
Оваа соработка има за цел развој на истражувачки и едукативни активности, промовирање на заеднички научни проекти, зајакнување на јазичните и историските студии, како и создавање одржлива рамка за професионална и академска размена.
Потпишувањето на овој трилатерален Меморандум претставува важен чекор кон проширување на меѓуинституционалната соработка, одразувајќи ја посветеноста на сите страни за поддршка на академскиот, културниот и научниот развој во Република Северна Македонија.
