Скопје, ноември 2025 година – Ректорот на Универзитетот ‘Мајка Тереза’ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, во својот кабинет го пречека г. Алдо Келменти, дипломат на Амбасадата на Република Албанија во Република Северна Македонија. Средбата беше реализирана со цел зајакнување на институционалната соработка и проширување на заедничките можности во областа на високото образование, научноистражувачката дејност и меѓународните проекти.
Во оваа средба беа разгледани прашања поврзани со развојот на нови академски програми, поттикнувањето на студентските и педагошките мобилности, како и продлабочувањето на партнерствата меѓу Универзитетот “Мајка Тереза“ и високообразовните институции во Албанија. Се оцени важноста на професионалните и културните размени како одржлив механизам за зголемување на квалитетот на образованието и афирмација на албанистичките студии во регионот.
На средбата присуствуваше и доц. д-р Елисабета Бајрами Ологу, која го придружуваше ректорот и придонесе во дискусиите поврзани со академските проекти и иницијативите за соработка. Двете страни изразија подготвеност за интензивирање на заедничките активности и конкретизирање на иницијативите насочени кон унапредување на образованието и науката меѓу двете земји, отворајќи нови патишта за заеднички институционален развој.
