Полска, 25.11.2025 година – Ректорот на Универзитетот “Мајка Тереза„ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, заедно со вон. проф. д-р Владимир Китановски, достоинствено учествуваа на меѓународната работилница IVAP Workshop 2025, што се одржа во Краков, Полска. Настапот беше во рамките на проектот HEI2MARKET, кој е дел од европската иницијатива EIT Higher Education Initiative – Cohort 4.

Овој настан од висок ранг, организиран од EIT Higher Education Initiative, го означи официјалното отворање на новата група на учеснички проекти и собра претставници на универзитети, конзорциуми и институции од цела Европа, ангажирани во зајакнувањето на капацитетите за иновации и институционална трансформација.

Програмата на работилницата вклучуваше сесии предводени од меѓународни експерти, тематски работилници, интерактивни дискусии, институционални презентации и структуирани постер сесии. Главните теми се однесуваа на DeepTech претприемништво, различност, еднаквост и инклузија, развој на партнерства и академски екосистеми, одржливост и мерење на влијанието во рамките на спроведувањето на IVAP.

Делегациите учеснички имаа можност да разменуваат искуства и да воспостават професионален дијалог со претставници од високообразовни институции од цела Европа, создавајќи простор за нови идеи, заедничко рефлектирање и можности за долгорочна соработка.

By