Полска, 26.11.2025 година – Ректорот проф. д-р Беким Фетаји и доц. д-р Владимир Китановски го продолжија својот активен ангажман на вториот ден од Работилницата IVAP 2025 во Краков, во рамките на проектот HEI2MARKET на Иницијативата за високо образование на EIT.
Вториот ден вклучуваше интензивни сесии во ‘ICE Krakow Congress Center’ со практични работилници, тематски дискусии и професионални размени предводени од експерти од EIT. Посебен фокус беше ставен на развојот на иновативните екосистеми, стратешките партнерства, одржливоста и зајакнувањето на институционалните капацитети ориентирани кон DeepTech.
Институциите учеснички работеа заедно на унапредување на на Акционите планови за визија за иновации (IVAP), споделувајќи искуства и методологии со цел зголемување на долгорочното влијание на иновативните проекти. УМТ останува посветен на унапредувањето на иновациите и активното учество во европските иницијативи што го зајакнуваат институционалниот развој.
