Скопје, ноември 2025 година – Студентите од Факултетот за технолошки науки, студиска програма ПрехранбенаТехнологија, при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, присуствуваа на клиничка настава одржана од координаторката за квалитет и безбедност на храната, д-р Башак Кучукчакан Николовска, претставничка на компанијата за преработка на месо „Апетит Груп“ – Скопје.

Целта на ова предавање беше да се обезбеди директно запознавање со реалните процеси во прехранбената индустрија, како и со предизвиците што го следат производството и контролата на квалитетот во овој сектор.

На презентацијата беа обработени клучните процеси на следењето на квалитетот, методите за контрола на критичните параметри во одржувањето на ладниот синџир при преработката на месо, како и националните и меѓународните стандарди за безбедност на храната кои се применуваат во модерната индустрија.

Контролата на квалитетот и безбедноста на храната претставуваат основа на секој технолошки процес во прехранбената индустрија, обезбедувајќи заштита на здравјето на потрошувачите, зголемување на довербата во производите и подобрување на конкурентноста на пазарот.

Соработката меѓу универзитетот и индустријата има особено значење за професионалниот развој на студентите. Преку вакви активности, тие стекнуваат практично искуство, ги разбираат реалните димензии на производствениот процес и стапуваат во интеракција со експерти од областа кои применуваат напредни професионални стандарди, што ќе им овозможи во блиска иднина да бидат компетентни и подготвени за пазарот на труд.

By