Скопје, 28.01.2026 – Денес, во својот кабинет, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (УМТ), проф. д-р Беким Фетаји, ја пречека делегација од Универзитетот „Неџметин Ербакан“ од Република Турција, предводена од ректорот проф. д-р Џем Зорлу.
На оваа средба, ректорот Фетаји беше придружуван од проректорите вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили и вонр. проф. д-р Бујамин Бела, кои оствариај конструктивен разговор со ректорот Зорлу и генералниот координатор за меѓународни односи, проф. д-р Фират Јалдиз.
Фокусот на средбата беше конкретизирање на академската соработка преку размена на студенти и кадар за продлабочување на меѓународната мобилност и искуство. Овој ангажман има за цел да развие заеднички научни истражувања и да ја зголеми глобалната видливост на двете институции преку споделување на најдобрите образовни практики.
Оваа средба резултираше со договор за брза и ефикасна соработка меѓу двете институции, отворајќи го патот за потпишување на конкретни договори кои ќе го зголемат академскиот квалитет и ќе обезбедат нови можности за научни истражувања во регионот и пошироко.
