Скопје, 17.12.2025 год. – Денес, во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Синдикатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, вон. проф. д-р Авни Авдиу, беше пречекан од претседателот на Собранието на РСМ, г. Африм Гаши, при што беше потпишан Колективниот договор на универзитетските синдикати.

Колективниот договор ги унапредува и ги гарантира правата, придобивките и привилегиите на вработените во државните универзитети, во надлежност на нивниот основач – Собранието на Република Северна Македонија.

Овој договор следуваше по потпишувањето на првиот договор со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, при што синдикатите на петте државни универзитети се обединија во Унија на синдикатите на државните универзитети и со упорност побараа потпишување на ист ваков договор и за нив.

Денес, Колективниот договор со претседателот на Собранието го потпишаа и останатите државни универзитети во земјава, односно онои во Тетово, во Охрид, во Штип и во Битола.

Ова претставува значајно достигнување на синдикатите и на нивната Унија, реализирано во краток временски рок и со континуиран институционален ангажман.

By