Скопје, мај 2026 година – Под покровителство на Федерација на универзитетски спортови на Република Северна Македонија, студентите на Универзитет „Мајка Тереза“ на ден 05.05.2026 година го одиграа спортскиот натпревар во футсал во спортската сала на Факултет за физичка култура, спорт и здравје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Репрезентативниот тим на УМТ во футсал, во првото коло го одигра натпреварот против екипата на Меѓународен Балкански Универзитет, при што извојувавме победа со резултат 4:2. Оваа победа претставува одличен почеток за нашите студенти и доказ за ангажманот, посветеноста и спортскиот талент што го поседуваат младите на УМТ.

Честитки до репрезентативниот тим на УМТ и им посакуваме успех на следните натпревари.

By