Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје со голема гордост и задоволство ја споделува веста дека студентот, Омер Мемеди, е прогласен за Балкански шампион U20 во борење, во категоријата до 97 килограми.
Балканското првенство се одржа во Копривница, Хрватска, каде што нашиот талентиран спортист покажа одлична физичка подготвеност, голема посветеност и силен спортски карактер, оставајќи ги зад себе конкурентите од целиот регион и високо издигнувајќи го знамето на успехот.
Омер Мемеди е студент на втора година на Факултетот за социјални науки, на студиската програма Спорт и спортски науки. Овој успех покажува како академската посветеност и страста кон спортот го прават пример за инспирација не само за неговите колеги на УМТ, туку и за целата наша младина.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје му упатува најискрени честитки на Омер, со желби за добро здравје, продолжување на успесите и нови победи на меѓународната сцена.
Честитки Омер и секогаш блескај на врвовите на успехот
