Скопје, мај 2026 година – За првпат, студентите на Универзитет „Мајка Тереза“ од студиските програми Правни студии и Јавна администрација реализираа студиска посета во Уставениот суд на Република Северна Македонија.
Во рамките на клиничката настава од предметот Номотехника, под раководство на вон. проф. д-р Аргетим Салиу, студентите преминаа од теорија во пракса за да се запознаат одблиску со:
организацијата и функционирањето на Уставниот суд
салата за седници и процесот на обработка на предмети
значењето на заштитата на уставниот поредок и владеењето на правото
За време на посетата, советниците на Судот, Јасмина Симоновска, Сања Гељевска-Трајчевски, Екрем Халими и Енсар Јусуфи, дадоа корисни информации за процедурите на оценување на уставноста и заштитата на човековите права.
Оваа соработка ги зајакнува професионалните вештини на идните правници и административци.
