Скопје, јуни 2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје официјализираше ново стратешко партнерство со потпишување на Меморандум за соработка со Центарот за неформално образование „FLUENT“. Договорот беше потпишан на официјална средба помеѓу ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, и директорот на центарот, г. Мухамед Јонузи.
Оваа соработка има за цел да го поврзе универзитетското образование со програмите за неформално образование, со што ќе се создадат нови можности за студентите и академскиот кадар. Посебен акцент ќе биде ставен на реализација на истражувачките проекти, организирање стручни обуки, заеднички научни конференции и симпозиуми.
Овој чин уште еднаш ја потврдува заложбата на Универзитетот „Мајка Тереза“ за поттикнување на иновациите и за професионално обликување на новите генерации, подготвени за сè подинамичниот пазар на трудот.
