Скопје, 26.08.2026 година – Во рамки на заедничкото одбележување на 116-годишнината од раѓањето и 10-годишнината од канонизацијата на Мајка Тереза, делегација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, предводена од ректорот проф. д-р Беким Фетаји, заедно со раководството на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), денес положи венци со свежо цвеќе пред спомен-плочата на Големата хуманистка на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Комеморативните активности под мотото „Се сеќаваме на нашата Гонџа и Тереза на целиот свет“ официјално започнаа во 10:00 часот, обединувајќи го академското раководство и вработените на универзитетот.
На овој свечен чин присуствуваа ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, претседателката на Сенатот, проф. д-р Оливера Петровска, како и проректорите проф. д-р Фати Исени и вон. проф. д-р Бујамин Бела, како и Донка и Мира Казиовска.
По почестите на спомен-плочата на плоштадот „Македонија“, свечената комеморативна програма продолжи со понатамошни академски и културни активности во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe.
