Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје известува дека пријавата за патент на технолошката иновација „NET-SENTINEL“ официјално е објавена на 21 август 2026 година во Индија, со број на пријава 202641095582 A.

Подносител и прв автор-изумител на системот е ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји од Факултетот за информатички науки при УМТ. Во тимот на изумители учествуваат и Suplar Kanti Podder, Gurunath R, Irsa Doci и Debabrata Samantha.

„NET-SENTINEL“ е функционална екстензија базирана на вештачка интелигенција за интернет-прелистувачот Google Chrome, развиена според стандардот Manifest V3, со цел да се зголеми нивото на сајбер-безбедноста. Системот користи машинско учење за анализа на мрежната активност, за учење на нормалните модели на користење и за идентификување, во реално време, на невообичаено однесување или сомнителни врски.

Решението комбинира адаптивен статистички детектор со компактен модел Isolation Forest. Тоа генерира објасниви предупредувања, го приспособува прагот за детекција според однесувањето на корисникот и ги чува податоците локално на уредот.

Оваа публикација претставува значаен резултат во научната дејност на проф. д-р Беким Фетаји, како и за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во областа на истражувањето, иновациите, вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста.

УМТ им честита на проф. д-р Беким Фетаји и на тимот на изумители за ова значајно научно и технолошко достигнување.

By