Скопје, 26.08.2026 година – Денес, во просториите каде што се гради новиот универзитетски кампус, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, го прими во официјална посета премиерот на Република Косово, г. Албин Курти.
На оваа свечена и пријателска средба, која се одржа на денот на одбележувањето на годишнината од раѓањето на нашата голема хуманистка, Мајка Тереза, присуствуваа високи државни и институционални претставници, меѓу кои претседателот на Собранието на РСМ, г. Африм Гаши, првиот вицепремиер, г. Беким Сали, градоначалниците на општините Чаир и Тетово, г. Изет Меџити и г. Билал Касами, министерот за односи меѓу заедниците, г. Агон Ферати, министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, како и други раководители на институции.
За време на средбата, ректорот Фетаји, придружуван од проректорите проф. д-р Фати Исени и вон. проф. д-р Бујамин Бела, го информираа премиерот Курти за текот на градежните работи, развојот на академската инфраструктура и капиталните инвестиции што се реализираат во современиот кампус на УМТ.
Исто така, ректорот Фетаји истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје со особена гордост го носи името на Мајка Тереза, имајќи трајна мисија универзалните вредности на хуманизмот, посветеноста и знаењето што ги застапувала да ги претвори во патоказ во образованието на новите генерации.
Премиерот Албин Курти му честиташе на раководството на УМТ за неуморната работа и визијата покажана во консолидирањето на универзитетската инфраструктура, нагласувајќи ја особено важната улога што оваа високообразовна институција ја има за образовниот, научниот и општествениот развој.
