Стратешко партнерство меѓу УМТ и Институтот „Нетинг“ за центар за обуки, иновации и студентска пракса

Скопје, 16.09.2026 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Институтот „Нетинг“ денес потпишаа стратешки договор за соработка, кој беше потпишан од ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, и извршниот директор (CEO) на Институтот „Нетинг“, г. Тахедин Селими.

Ова тригодишно партнерство има за цел да го доближи академскиот свет до индустријата преку клучни области, како што се основање заеднички сертифициран центар за обуки во рамките на УМТ, можности за практична работа, вработување и стажирање за студентите, заеднички истражувачки, иновативни и дигитални проекти, како и соработка на саеми за кариера и развој на стартап-екосистемот.

Договорот ја потврдува континуираната посветеност на УМТ да им обезбеди на студентите високи стандарди во поврзувањето на теоријата со практиката и со пазарот на трудот.

By