Скопје, 28 октомври 2026 година – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, на иницијатива на Економскиот факултет и во соработка со EARN&GO USA™, беше покрената значајна иницијатива за соработка со цел на студентите и академскиот кадар да им се понудат конкретни можности за стекнување меѓународно професионално искуство во Соединетите Американски Држави.
Во овој контекст, Ректорот на УМТ, редовен проф. д-р Беким Фетаји, оствари официјална средба со директорката на EARN&GO USA™, г-ѓа Маргарита Бакев. На средбата присуствуваа и деканката на Економскиот факултет, редовен проф. д-р Букурие Имери-Јусуфи, како и вишата координаторка на програмите на EARN&GO USA™, г-ѓа Натали Папакоч Илиевска. За време на состанокот беше договорено ова партнерство во претстојниот период да се формализира со потпишување Меморандум за соработка, со кој ќе се обезбеди институционална поддршка за мобилноста на студентите и академскиот кадар.
EARN&GO USA™ им овозможува на студентите и младите професионалци да стекнат практично искуство во разни американски компании, организации и институции преку официјалната програма за размена BridgeUSA J-1 на Стејт департментот на САД.
По официјалната средба, за студентите од Економскиот факултет се одржа информативна презентација за програмите Internship USA и Trainee USA, на која присуствуваа и деканката, редовен проф. д-р Букурие Имери-Јусуфи, и редовен проф. д-р Теута Зенку, кои ги охрабрија студентите да ги искористат овие можности за нивниот професионален развој.
