Скопје, октомври 2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје доби значајна технолошка донација од шест мултимедијални проектори, донирани од г. Салим Хасани, сопственик на градежно-инвестициската компанија „Моди Ливинг“ од Тетово.

Во име на УМТ, донацијата официјално ја прими г. Дритон Зендели, кој изрази искрена благодарност за великодушната поддршка, која директно придонесува за модернизација на условите за студирање.

Донираната опрема се состои од преносливи мултимедијални проектори од новата генерација, со Full HD (1080p) резолуција и поддршка од 4K. Проекторите се опремени со долготрајна LED-технологија, безжично поврзување (Wi-Fi/Bluetooth), вградени Hi-Fi звучници и широк спектар на можности за поврзување (HDMI/USB), овозможувајќи флексибилност и висок квалитет на сликата во наставниот процес и во интерактивните предавања.

Донацијата директно придонесува за унапредување на квалитетот на образовната технологија во училниците и предавалните и за олеснување на реализацијата на академските презентации за студент(к)ите и вработените на УМТ.

By