Скопје, 06.11.2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот Киркларели од Турција ја официјализираа својата меѓуинституционална соработка преку потпишување на Меморандум за разбирање. Официјалниот документ го потпишаа ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, и ректорката на Универзитетот Киркларели, проф. д-р Ренгин Ак.
Овој меморандум има за цел воспоставување одржливо и долгорочно партнерство меѓу двете високообразовни институции, насочено кон развој на заеднички студиски, истражувачки и академски програми. Соработката ќе опфати размена на академски кадар и студенти, организација на научни конференции, симпозиуми и заеднички публикации, како и реализација на истражувачки проекти од заеднички интерес на ниво на додипломски, магистерски и докторски студии.
На оваа официјална средба, ректорот проф. д-р Беким Фетаји беше придружуван од делегацијата на УМТ, составена од проректорот за наука, проф. д-р Сани Демири, проректорката за меѓународна соработка, проф. д-р Дитурије Исмаили, како и професорката вон. проф. д-р Елисабета Бајрами Ологу.
Од друга страна, ректорката на Универзитетот Киркларели, проф. д-р Ренгин Ак, беше придружувана од координаторката за меѓународни односи, проф. д-р Берна Ак Бингул.
За време на средбата, претставниците на двата универзитета ја изразија својата целосна посветеност за спроведување на целите на овој меморандум, оценувајќи го како значаен чекор кон зајакнување на академската дипломатија и проширување на мрежата на меѓународна соработка во регионот и пошироко.
