Скопје, 19.11.2026 година– Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје продолжува со проширување на мрежата на меѓународни академски и институционални партнерства, со посебен фокус на зголемување на научната видливост, меѓународните публикации индексирани во Scopus и унапредувањето на заедничките истражувачки и технолошки проекти.

Во рамките на овие активности, УМТ формализираше договори за соработка со Academic Knowledge Center Ltd., претставуван од Milica Tasić, додека од страна на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје договорот го потпиша ректорот, проф. д-р Беким Фетаји, како и со Academy of Applied Studies Southern Serbia, претставувана од директорот, проф. д-р Предраг Стаменковиќ. На оваа официјална средба, ректорот Фетаји беше придружуван од доц. д-р Мики Рунтев.

Важен аспект на оваа соработка е вклучувањето и меѓународното партнерство на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во научно списание поврзано со претставници на Scopus, со што се отвораат можности за уредничка соработка, објавување трудови според високи академски стандарди и зголемување на научното влијание на академскиот и истражувачкиот кадар на УМТ.

Согласно потпишаните договори, соработката опфаќа развој на заеднички научни и истражувачки проекти, унапредување на квалитетот, новите технологии и иновативните решенија, размена на академски кадар и студенти, како и организирање обуки, тематски предавања и стручни практики, учество на меѓународни конференции и реализација на заеднички академски активности.

Преку овие партнерства, УМТ ја поддржува научноистражувачката дејност и публикациите индексирани во Scopus, создавајќи нови можности за академскиот кадар и студентите во согласност со современите стандарди на високото образование.

By