Скопје, ноември 2026 година – На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа AI Developer Day 2026, технолошки настан посветен на вештачката интелигенција и современиот развој на софтвер, организиран од Albanian Azure User Group (AAUG) во соработка со нашиот Универзитет.
Интересот и учеството беа извонредни, а салата беше исполнета од почетокот до крајот на настанот.
Настанот го отвори Фисник Доко, организатор на настанот и професор на УМТ, додека со поздравен говор до присутните се обрати ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји.
Програмата продолжи со четири презентации од нашите говорници, кои презентираа актуелни теми и практични демонстрации од светот на вештачката интелигенција и развојот на софтвер:
🎤 Фати Исени: The Future of .NET and AI-Powered Applications
🎤 Мухамед Шабани: Rapid AI Development: From Idea to First Client
🎤 Рилинд Каба: Engineering Custom AI Agents and Skills in GitHub Copilot
🎤 Мерџан Бајрами: Building Voice-Powered AI Applications
Посебна благодарност до студентите и сите учесници, кои со своето присуство, интерес и прашања придонесоа за квалитетот на овој настан. Благодарност и до говорниците, организацискиот тим и медиумите кои го проследија овој настан.
Организирањето на настани од ваков ранг покажува дека ги имаме знаењето, талентот и потенцијалот да придонесеме во развојот на технологиите на иднината.
Продолжуваме заедно да создаваме нови можности за младите и за нашата технолошка заедница.
Се гледаме на следниот настан!
