Скопје, 19.11.2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска одржа прес-конференција, на која официјално го најави почетокот на јубилејните активности по повод 10-годишнината од започнувањето со работа.
Ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, истакна дека оваа десетгодишнина претставува значаен академски и институционален пат и нова заложба за квалитетно образование, научноистражувачка дејност и интернационализација. Циклусот на академски, научни, културни и спортски активности започнува со Сеалбанската универзијада – Чаир 2026, која ќе се одржи од 19 до 21 ноември 2026 година, во рамките на Ноемвриските празници, со цел обединување на академската младина и зајакнување на врските меѓу албанските универзитети.
Ректорот Фетаји, исто така, ја најави централната свечена церемонија по повод 10-годишнината, на која ќе биде промовирана првата Монографија на УМТ, ќе бидат доделени плакети за благодарност на заслужните личности кои дале свој придонес и ќе биде прогласена титулата „Doctor Honoris Causa“. Притоа, тој упати благодарност до Општина Чаир и универзитетите учесници за нивната поддршка.
Во продолжение, деканот на Факултетот за социјални науки, вон. проф. д-р Бејтула Емини, и претседателот на Организацискиот одбор на Универзијадата, проф. д-р Блерим Саити, ги презентираа организациските детали, натпреварувачката програма и техничките аспекти на овој спортски и меѓууниверзитетски настан.
УМТ им се заблагодарува на медиумите за нивното присуство и континуирана поддршка.
