Три причини зошто треба да студирате на УМТ: 

 

 Програми ориентирани кон кариера: Нашите студиски програми се ориентирани кон иднината и кон иновативни и истражувачки области. Интередисциплинарните студии гарантираат дека нашите студенти развиваат вештини потребни за успех во кариерата и во која било област што ќе ја изберат. УМТ учествува во мрежите на најпрестижните универзитети преку програмата Еразмус + која овозможува размена на студенти и академски кадар за да бидат во тек со најновите научни достигнувања. Ние сме еден чекор пред другите, најавангардните научни практики се дел од нашите студиски програми. Нашето мото е „Знаењето ви овозможува да ја запознаете сегашноста, иновацијата ви ја гарантира иднината“. Иднината е со нас.  

Седиште: Се наоѓа во центарот на главниот град, УМТ на студентите им овозможува квалитетен академски живот, но и културен преку блиски контакти како сестри со научни и образовни институции, како и државни и културно-забавни институции. Да се ​​биде во центарот значи дека сите патишта да се соединат во една точка, до Вас. Ваше е да го одберете патот по кој ќе се движите. За нас, колку што е поширок спектарот на можности за избор толку се пошироки границите на слобода. Нема слобода доколку нема можност да се избере. Доколку сакате иднина со многу можности, студирајте на УМТ. 

Разновидност: Убедени дека во светот на интеграцијата и глобализацијата културните и јазичните разлики се дополнителна вредност, УМТ ви гарантира студентски и академски живот со културна и јазична разновидност. За секој кој сака да ја доживее убавината на интегрираниот и глобалниот свет од едно мало место, клучот кој ги отвора портите на овој свет е Универзитетот Мајка Тереза ​​во Скопје. За нас важи паролата „целосно е кога имаш се“, на УМТ ќе пронајдете се.