Денес, на 26-ти април, 2018 година, се одржа редовната седница на Сенатот на Универзитетот “Мајка Тереза” – Скопје. На дневен ред, како единствена точка беше избор за нов ректор со полн четиригодишен мандат.

По спроведувањето на постапките предвидени со Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот, беше утврдено дека кандидатот за ректор е досегашниот вршител на должноста ректор, проф. д-р. Азиз Положани. На оваа седница беше презентирана и дискутирана програмата на кандидатот за ректор и истата беше одобрена од страна на членовите на Сенатот.

Во согласност со Статутот на Универзитетот, беше избрана тричлена комисија која ја спроведе постапката за избор на Ректор. По спроведеното гласање, Комисијата констатира дека д-р. Азиз Положани едногласно е избран за ректорот на Универзитетот “Мајка Тереза” – Скопје.

Целта на програмата на новоизбраниот ректор е преземање на обврската за да се издигне стандардот на Универзитетот како носител на клучните профили на социо-економски, технолошки и културен развој на земјата. Во програмата се наведени сите чекори и начини за постигнување на оваа цел.

DSC_0024DSC_0012DSC_0016DSC_0019

20180426_14023020180426_14223820180426_145746

By